Трибината со наслов “Антинационализам – мој избор!” го размрда кавадаречкиот дух

На трибината беа искажани лични ставови и мислења на говорниците кои беа поканети.

Никола Гелевски, Џабир Дерала, Ненад Јовановиќ и Звонко Каров зборуваа за перспективите на Македонија во Европската унија, како и реалноста во која се соочуваат граѓаните во денешниов политички миг.

 

Прашањата за кои се разговараше на трибината, според учесниците, не се прашања кои ги засегаат само политичарите. Напротив, ги засегаат сите граѓани на Република Македонија, па оттаму и потребата граѓаните да демонстрираат нагласено критичко мислење и да конституираат жесток демократски притисок врз Владата, а се со цел побрзо да влеземе во Европската унија.

 

Учесниците на трибината сметаат дека премиерот Груевски мора да преземе одговорност и да донесе одлука што ќе ни обезбеди европска иднина. Се плашат дека ќе се засилат манупулациите со јавноста и дека оваа власт не е спремна да се откаже од авторитарното владеење. Според нив, на власта не и одговара отворањето на поглавјата за преговори со Унијата, затоа што структурите на ЕУ ќе имаат поголемо влијание врз случувањата во државата.

 

 

Повеќе фотографии од настанот може да видите овде.

Leave a Reply

Your email address will not be published.