Три намирници за подобар сон

Јајца за доручек

За среќа, јајцата може да ги подготвиме на многу начини и да ги комбинираме со разни намирници. А како доручекот влијае на добриот сон? Аминокиселините во јајцата можат да ги стимулираат невроните кои произведуваат орексин, а тие имаат клучна улога во регулирањето на сонот и будноста во текот на денот.

На ручек испијте сок од вишни

Научниците од Универзитетот во Лозана откриле дека природниот сок од вишни влијае на сонот. Истражувањето покажало дека испитаниците во просек спиеле 85 минути подолго откако две недели секојдневно пиеле по две чаши сок.

Јасмин ориз за вечера

Една друга студија објавена во American Journal of Clinical Nutrition покажала дека јасмин оризот има благотворно влијание на сонот. Ароматичниот јасмин ориз го крева гликамискиот индекс, а испитаниците кои го консумирале заспивале двојно побрзо од оние кои јаделе храна со низок гликемиски индекс.

Leave a Reply

Your email address will not be published.