Tретиот по ред Гренд Слем сезонава стартува денес

На централниот терен прв ќе настапи бранителот на трофејот. Роџер Федерер кој се среќава со Романецот, Виктор Ханеску. Во продолжението од програмата третата носителка Марија Шарапова игра со Кристина Младеновиќ, а последен што ќе се појави на централниот терен е Енди Мареј во дуелот против Бенјамин Бекер.

На теренот број 1 денеска ќе настапи Викторија Азаренка, која за противничка ја има Марија Жоао Келер од Португалија, а потоа на следуваат мечевите Рафаел Надал – Стив Дарсис и Станислас Вавринка – Лејтон Хјуит.

Полуфиналистот од Ролан Гарос, Жо Вилфред Цонга игра против Давид Гофан додека Ана Ивановиќ се среќава со Виржин Разано.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.