Селекторот на Велс повика 16-годишно момче за дуелот в петок против Македонија

Дебитантски повик во А-селекцијата, иако е се уште е далеку од полнолетство, доби младиот фудбалер на Ливерпул, Хари Вилсон, кој го импресионирал Колмен со настапите за селекцијата до 17 години на мечевите против Унгарија, Шкотска и Словенија.
Дополнителен повик доби и искусниот дефанзивец на Вест хем, Џејмс Колинс, кој не беше во добри односи со селекторот Колмен, откако токму тој го обвини фудбалерот дека намерно ги избегнува настапите за националниот тим, пријавувајќи повреда. Овојпат Колинс одговори на повикот и веќе одржал еден тренинг со националниот тим.
Според информациите од Кардиф, денешниот тренинг го пропуштиле фудбалерот на Арсенал, Арон Рамзи, како и Сем Воукс, но се очекува и двајцата да бидат подготвени за настап на дуелот в петок. Сензација во овој момент секако е младиот Хари Вилсон, кој има само 16 години, а е веќе дел од сениорската репрезентација на својата држава.

Leave a Reply

Your email address will not be published.