Традиционално машки работи – основани од жените

ПРВИОТ КОМПЈУТЕРСКИ ПРОГРАМЕР БИЛ ЖЕНА

Денешниот свет на технологијата е строго доминиран од мажи, каде жените завземаат само 25% од науката, технологијата, инженерството и работите поврзани со математика. Сепак, господата од Силиконската долина и должат многу на Ада Бајрон, контесата од Лавлејс која е основачот на научното компјутерско инженерство од 19 – тиот век.

Таа соработувала со Чарлс Бабаж, така наречениот ‘татко на компјутерите’ и го напишала првиот компјутерски кодиран алгоритам во светот. Бајрон не била единствената жена. Во текот на Втората светска војна, шест жени математичари, познати како ‘луѓе – компјутери’, завршиле најголем дел од програмирањето на првиот во светот компјутер кој бил комплетно направен од електроника. Жените останале влијателни во компјутерската наука и во текот на 40 – тите и 50 – тите, но нивниот број се намалувал со оглед на тоа дека индустријата прифатила неколку техники на регрутација кои биле наклоните кон мажите во доцните 1960 – ти.

ПРВИТЕ ТАПАНАРИ БИЛЕ ЖЕНИ

Денес, удирачките инструменти типично се гледаат како ‘работа’ за мажи – со оглед дека се поистоветуваат со воените бендови или рок звезди. Сепак, античките артефакти и слики откриваат дека античките жени се првите тапанари. 

Според Лејд Редмонд, автор на When The Drummers Were Women (Кога тапанарите беа жени), првиот тапанар во историјата била Липушиау, свештеничка од Месопотамија. Тапаните се поврзуваат со раѓањето и плодноста и биле свет инструмент за жената. Жените сивреле на тапани во текот на религиозни ритуали во текот на 3000 години од човековата историја. Потоа се се променило кога Христијанската црква забраниле жените да пеат или свират на било каков музички инструмент. Јавните изведби на музички дела се повеќе било работа за мажите. 

ЖЕНИТЕ СЕ ‘НАЈМАОСВНИТЕ’ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ПИВО

Денес, жените сочинуваат само 1% од вработените во производството на пиво. Но доказите кои доаѓаат од античките египетски хиероглифски записи покажуваат дека жените се одговорни за производство на пиво, работа која со векови била сметана за женска.

Во Средниот век низ Европа жените биле мајстори за производство на секакви видови на пиво. Со почетокот на индустриализацијата, пивото станало дек од маосвното производство во фабрики, а работата во фабриките им била доделена на мажите.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.