Актерот Тони Михајловски тера лоша мода

Тони Михајловски мора да не е со сите (дали баш?!) кога тврди дека АСНОМ е погреб за македонската државност.Нервозно, пребрзано и опасно колнејќи го семето на ,комунистите-предавници, влегува во ,филм, дека ќе биде подобар, поуспешен и поголем актер од тоа што е.Кога би бил во можност да му доделувам улога, гледајкји како ,глуми, денес, не би му дал повеќе од улога на дете на кого му удараат чврги или ластик низ целиот филм.Толку како увод за него и таквите како него ,глумци,.

Помина големиот македонски празник Илинден. Се одржаа и говори на Мечкин Камен, Пелинце и во центарот на главниот град пред споменикот на Методија Андонов –Ченто.

Не знам ,но мој впечаток е дека подолго време, или поточно да искористам туѓи зборови “од налетот на демократската пролет….”, недоволно јасно ги објаснуваме одредени настани и улогата на личности важни за македонската државност.Ако тоа е разбирливо за некои личности и политички гарнитури кои оправдано ?! гледаат исклучивост во разјаснувањето -,,кој е кој “, како да неоправдано, им се помага во тоа и од други, заради личен, партиски бенефит, а понекогаш и непознат интерес.Се разбира, дека не се бара за тоа да се разјаснуваме за празникот или пак во говорите пред спомениците, но може и вака послепразнично, кога не може предпразнично.
Денес е во мода да се зборува за “темницата од комунистичкото минато”, но така можеме да си наштетиме како држава.Ако некој живее со убедување дека на таков начин ќе стане поголем од тоа што е, се лаже самиот себе си, а прави и дополнителни забуни.

Но, да видиме да поразјасниме, ако може да се разјасни, па кој прифатил…
Кога се споменува името на Методија Андонов –Ченто, граѓаните веднаш тоа го врзуваат со три работи:

  1. 1.АСНОМ и функцијата која ја извршувал – претседател на президиумот
  2. 2.Македонската национална борба и пречките во таа борба
  3. 3.Лазар Колишевски или поточно “лошиот Лазо” кој го “осудил”

cento 200x150За последното, третото, такво “врзување” не прават сите или пак не се доволно убедени дека е тоа токму така.
Методија Андонов- Ченто и Лазар Колишевски се многи важни личности за РМ.И двајцата биле антифашисти.Едниот бил член на КПЈ од 1935г. делегат на петата земска конференција, прв секретар на КПМ, прв претседател на влада на ДФ Македонија, долго време блисок соработник на Ј.Б.Тито, народен херој.Другиот, партиски не се врзал со КПЈ И КПМ, не бил член, но ја прифатил соработката со нив, а ја одбил со окупаторските власти.Подоцна заминува на слободната територија, станува член на Главниот штаб, а на свои 42 год. станува претседател на президиумот на АСНОМ.Ги прифатил одлуките на АВНОЈ и АСНОМ и се борел за поголема самостојност на РМ како федератвина единка во рамките на федерацијата.

Не е умешно да ги споменувам тука, но другите не би ги испуштиле, неговите заложби за враќање на српските колонисти, отпорот кон заминувањето на Сремскиот фронт.Барем такви сознанија и кажувања сум слушал.
Ние, кога го анализираме “однесувањето” на Колишевски и Методија Андонов – Ченто не смееме да ги занемариме и одредени настани кои се случувале тогаш.Еден таков е и состанокот во јануари 1944г. на Југословенскиот повеќепартиски национален конгрес или познатата “Башка резолуција”.Комунистите не биле поканети, а за Македонија не станало ни збор.Исходот од војната ни е познат.Колишевски го “следел” Тито, а пак маршалот долго време бил обвинуван за “антисрпство”.Во емиграцијата “чекале” да помине опасноста од комунистите и нацистите.Не треба да се занемари и “следењето” и за една друга работа.Како во првите години по ослободувањето се сфаќало прашањето за југословенскиот и националниот идентитет и зошто тоа било така?Во првите 10 – тина години Тито верувал дека е можно да се создаде единствена југословенска нација, слично нешто како што се барало помеѓу двете светски војни, но таа работа се разбира дека не можела да успее.Таквото “претопување” не било во никој случај можно.Тито го знаел тоа, се откажал, но едно е сигурно: Во рамките на федерацијата во многу се афирмира она чувство што македонците го посакувале долго.Lazar Kolishevski 200x150Треба да признаеме дека Колишевски и во тоа добро “следел”.Вистина е дека во занесот за докажување на приврзаноста кон “идејата”се направени грешки .И тогаш имало “млади сили” кои правеле грешки во првите повоени години, а тоа оставило црни дамки кои тешко се бришат и незабораваат.

За РМ е важно што 1990г. е укината пресудата за Ченто, а важно е и тоа што не го “обесивме Лазо”.РМ ја усвои декларацијата за извинување од жртвите на комунизмот.Таму, покажавме подготвеност дека можеме на одговорен начин да се справиме.Тоа не го направивме за да правиме спектакли и дополнително ги отежнуваме демократските процеси за кои сме се одлучиле.Ке видиме кои биле вистинските жртви ,а кои …Не знам колкав е бројот кај нас што се приврзаници на опцијата за “изедначување” на оние кои не прифатиле и оние кои прифатиле окупација (заради загубите??!!), но мислам дека тоа за нас е неприфатливо.Тоа ќе покаже дека зрело се однесуваме чуваме.Но, сепак треба да ги поразјаснуваме работите, барем за оние на кои не им е јасно и за оние кои ова не го прифаќаат.Можеби некои ќе се премислат, а некои ќе продолжат да ,тераат, мода како еден наш актер кој го преколнува семето на комунистите, мислејкји дека ќе стане поголем и поважен.

Некој може да забележи дека уште во РМ живее “духот на Лазо”.Но, ние во Кавадарци на таквитезабелешки одговараме кратко: “Не е така, вака е”.

Звонко Каров, поранешен пратеник (1994-1998)

Leave a Reply

Your email address will not be published.