Тодоров ќе удри по џебовите на директорите на клиниките

 Тодоров им порача на директорите дека нивната работа треба да биде пример за останатите вработени. Доколку некој врбаотен не го почитувал работното време, за тоа треба да одговара и неговиот претпоставен, потенцираше Тодоров.

„Да се биде директор не значи да се седи во кожна фотелја, туку да се биде пример за вработените. Доброто однесување е добар пример но, негативнтото исто така е пример за вработентие. Ќе ги повикам на разговор и ако немаат добра причина ќе бидат казнети“ , изјави Никола Тодоров министер за здравство.

Од директорите министерот ќе побара да поведат дисциплинска постапка против вработените кои не биле на своите работни места за време на контролата на инспекторите.

„ Ќе ги повикам на разговор сите дирктори за да ми објансат зашто не биле на работното место. Затоа и велам, доброто однесување е добар пример лошото однесување е лош пример за вработените, вели Тодоров.

Тодоров, им наложи на диркеторите на клиниките за секое нивно отсуство да го известат Министерстовото за здравство. Тие треба да најават доколку бидат отсутни од работа поради учество на конгреси, семинари, но и за користење одмор како и за други активности во и надвор од работното време. Државниот санитарен и здравствен инспекторат во петокот при вонреден инспекциски надзор во осум клиники, во три од нив покрај финасовите директори не затекна на работните места и дел од административниот кадар.

Извор Телма 

Leave a Reply

Your email address will not be published.