„Т’к Так Фест“ годинава со нов датум на оддржување

Организациониот одбор на „Т’к Так фест“, единствениот македонски демо фест кој во претходните две изданија промовираше 15 македонски бендови, притоа нудејќи неверојатна рокенрол забава со актуелни и поранешни македонски имиња од македонската рок сцена, на барање на своите посетители, но и учесници, реши оваа година стандардниот јунски термин да го промени со доцен августовски.

Иако точниот термин сеуште не е прецизиран, тоа не им смета на организаторите да потврдат дека и оваа година најдобрите македонски демо бендови ќе се соберат во Кавадарци на целовечерна дружба со своите фанови, но, и да ја продолжат мисијата на патронот на фестивалот, вечниот кавадаречки рокер, Трајко Каров. А бендовите кои што оваа година ќе сакаат да се претстават пред кавадаречката и македонската публика ќе мораат најпрво да се пријават на конкурсот за учество на фестивалот, кој според информациите од организаторите ќе биде објавен во текот на следната недела.

Покрај промената на датумот, организациониот одбор најавува уште неколку промени кои пред се треба да му дадат нова свежина на фестивалот кој во изминатите две години не само што им даде шанса за настап на големата сцена на демо бендовите, туку и ги собра на едно место сите оние кои нешто значеле или сеуште значат на македонската рок сцена, како на пример Лева Патика, Тоа е тоа, Токму Така, Мики Јовановски Џафер, Венко Серафимовски, Морал, Зијан, Суперхикс, Ареа, Младост, Пу, Автограм…

Leave a Reply

Your email address will not be published.