Тито не е крив, што е жив
пишува Звонко Каров
Сите партии се “За ДОМ спремни”. Зелена им е идеологијата.
Гола вистина е лага со опашка.
СДСМ биле за ВМРО,ама биле спречени од ВМРО-ДПМНЕ.
Со Албанците ќе најдеме заеднички јазик.
Каква е таа визија без ревизија?
Адутот ни е голем како кец!
Ние сме друштво, ние сме бренд, прашувајте, одговараме, тоа е сега тренд.
Ми фали некоја преработка од преработките на Владо.
Да си ставиме некое уметничко име, може да ни тргне.
Патот до високото друштво во РМ води и преку ФООМ.
Македонија е во нокаут од нејзините ударни тупаници.
Гласот даден за оној ќе оди во ветар, за овој во магла.
Фарбан е во многу бои, како општинска зграда е.
За кого ќе гласам? За другарите кои се морни и гладни!
Тито не е крив што е жив. Недораснатите политичари направија да ги надживее годините.