Тито барал азил во Швајцарија

Тоа е првата службена историја на британската разузнавачка служба, голема книга од скоро 800 страници наоишана врз основа на интервјуата и документите на МI6 која завршува на самиот почеток на Ладната војна. Кејт Џефри се сретнал со значајни ограничувања додека ја пишел оваа книга, поради фактот дека голем дел од клучните документи се уништени и проблемот дали некои детали да бидат или не дел од книгата, дали треба да се октријат имиња на некои од агентите кои додека биле активни не биле откриени. Нивниот идентитет е заштитен.
Меѓу тајните агенти кои работеле за MI6 има и неколку Југословени а две страни зборуваат за Дража Михајловиќ и Јосип Броз Тито и нивниот однос со Германците и сојузниците. Книгата во Британија била објавена во 2010 година и предизвикала голем интерес, деталот за Тито е откриен кога неодамна е преведена на српски па белградските историчари и рецензенти детално ја проучиле.
Промоцијата е одржана во четвртокот во Белград и амбасадорот на Британија во Србија Дејвид МекФарлен во воведот на говорот нагласил дека српското издание е само трето надвор од Британија.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.