Тевез потпиша за Јувентус

Раководството на Јувентус успеа да ги комплетира разговорите со англискиот клуб и со Карлос Тевез и овој фудбалер ќе го засили шампионот на Италија. Иако во битка за потписот на Тевез беше и Милан, сепак, челниците на „старата дама“ беа поупорни и побрзи ја завршија работата.
Карлос Тевез од Премиер – лигата, каде што настапуваше за Вест Хем, Манчестер јунајтед и за Манчестер сити, сега се сели во Серија А, каде ќе биде голем адут на тренерот на Јувентус, Антонио Конте, за нова одбрана на шампионскиот трофеј.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.