Tетоважа за човекови права

Ван Басен, кој е член на културниот колектив Tilburg Cowboys, го започнал овој проект во 2012 година. Главната причина било убиството на Кениец, член на Kenyan fellow artist и активист – Стивен Ниагах. Стивен дошол во Тилбург во 2010 година и работел заедно со иницијаторот на проектот во неговото студио неколку месеци. Се трудел да им помогне на најсиромашните жители од неговиот крај и најверојатно затоа го загубил животот. Поради таа трагедија, иницијаторот Ван Басен сакал да го донесе проектот во Кенија.

Неговата желба се исполнила во 2013 година кога тимот на Human Rights Tattoo пристигнал во Наироби и го посетил местото каде Стивен Ниагах бил убиен. Во април 2014 година направен е повторно тим кој одпатувал во Африка.

“Искрено, има голем интерес за завршување на проектот и во Холандија” вели Ван Басен “Но што повеќе го шириме овој прокет, се помоќен тој станува.”

При последната посета на Малави, Зимбабве и јужна Африка, проектот посетил различни културни настани. Она што го изненадило Ван Басен е начинот на кој реагираат оние кои решиле да стават тетоважа во Африка и во Европа.

“Побаравме секој од нив да запише причина на нашата интернет страна, зошто се одлучуваат за ваква тетоважа, но искажувањето на свое мислење во Зимбабве не е природна работа како на пример во Холандија. Некои од оние кој дојдоа да се тетовираат не се чувствуваа добро коги ги запрашавме да ги откријат своите мотиви, па затоа ги охрабрував да го напишат тоа, макар и под лажно име на нашата веб страна.”

Ван Басен забележал дека луѓето кои се пријавиле да добијат тетоважа, без разлика на националноста, често го прават тоа поради слични причини. “Со тоа што се дел од овој проект, луѓето се чувствуваат поврзани со останатите кои ги споделуваат истите вредности. Овој проект ве потсетува секој ден дека имате права за кои треба да продолжите да се борите. Тетоважата претставува дел од разговор, ги потткинува луѓето да зборуваат за човековите права.”

До сега повеќе од 1600 луѓе понудиле еден квадратен сантиметар од својата површина на телото за овој проект. “Очекуваме дека ќе ни бидат потребни уште пет години да го завршиме овој проект” вели Ван Басен. Голем дел од учесниците на проектот пројавиле желба да организираат меѓународна средба. “За жал, невозможно е да се спојат сите групи – физички – заедно затоа што имаме луѓе о повеќе од 45 различни земји.”

Според Ван Басен, бројот на националности кои би станале дел од проектот ќе се зголемува во наредните години. Неговата следна цел е да го однеси проектот во Јужна Америка.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.