Тешки времиња и за пензионерите, едвај врзуваат крај со крај

Прилепчанецот Милан Андоноски има 58 години, живее со минимална инвалидска пензија од 7000 денари. А, постојано е под стрес, бидејќи не може да ги врати заемите по пријателите и роднините, кои му помогнале за повеќе интервенции на срцето и бајпас. Не смее ништо да работи, а сметката од пензијата му е со месеци блокирана за неплатени сметки за комуналии.

„Се чувствувам како обесправен, како човек без никакви права. Имам долг 15 месеци не можев никако да вратам без никакви примања, сега имам многу долгови, и секој месец ми иди блокирана сметка на пензијата“, вели Андоноски.

Не, само овој пензионер, на ниските пензии, а од друга страна високите давачки за живот се жалат и многу други пензионери од Прилеп. И оние кои добиваат и 8000, дури и 10.000 денари, велат дека тешко врзуваат крај со крај, зашто со парите велат, ги покриваат сите трошоци на семејството. Голем е бројот на оние кои со пензијата ги помагаат или целосно издржуваат семејствата на своите деца кои се без работа:

„Имаме давачки, едноставно како данок на крв имаме давачки големи“.

„Не ни стигнуваат пари за лекови, земам 10.000 денари, не се излегува на крај, за лекови давам 2000 до 3000 денари месечно.

„Синови имам, работат во текстилно, јас цела ја плаќам и струја и вода и телефон од пензијава“.

„Ние имаме најниска пензија во Македонија, дури пониска од онаа во
БиХ, која ја сметаат дека е држава која се уште не е оформена“.

Пензионерите се дури револтирани, за нив се навредливи покачувањата на пензиите за неколку стотини денари, кои не им се доволни да ги покријат ниту трошоците за вода како што велат. Се чувствуваат крајно разочарани и незгрижени од системот. 

Извор Телма

Leave a Reply

Your email address will not be published.