Тешка кражба од 2.500 евра во Кавадарци за време на велигденските празници

„Тешка кражба извршена е во куќа на кавадарчанец за време на велигденскиот празникот“ – информираше денеска Анита Стојковска, портпаролка на СВР Велес.

„Има регистрирано тешка кражба во куќа во Кавадарци, украдени се пари и златен накит, а причинета е материјална штета од околу 150 илјади денари. Во врска со кражбата лишено е од слобода едно лице од Кавадарци. По расветлување на случајот ќе следи соодветен поднесок“ – изјави Стојковска.

Leave a Reply

Your email address will not be published.