Ништо од тендерот за изградба на трамвајски пруги

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски призна дека на тендерот се пријавила една компанија која не ги исполнувала тендерските критериуми и поради тоа тендерот е поништен.

Според Трајановски главна причина за пропаѓање на тендерот е малото учество на градот Скопје во субвенционирањето на проектот. Според тендерските услови од вкупната инвестиција градот треба да учествуваме само со 10 проценти, додека останатиот дел е на инвеститорот..

Во врска со изградбата на новиот плоштад „ВМРО“ кој треба да се гради веднаш до новото седиште на владејачката партија, кое исто така е во градба, Трајановски информираше дека распишале само оглас за проектирање на подземна улица која треба да минува под земја,односно од новата катна гаража „Беко“ до зградата на „Технометал Вардар“, со еден крак до хотелот „Бест Вестерн“. Откако ќе заврши проектот ќе се знаат содржините и изгледот на новиот плоштад вели Трајановски

Извор Телма

Leave a Reply

Your email address will not be published.