ТЕЛМА: Затворени два скопски ресторани поради труење со храна

На сопствениците на овие два објекти им е наложено да направат генерално чистење, вршење на дезинфекција и вонреден санитарен преглед на вработените, пренесува Телма.

„Врз основа на добиено известување од Центарот за јавно здравје дека на Клиниката за инфективни болести во текот на викендов се примени неколку лица со симптоми на труење, инспектори за храна од Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со санитарната инспекција, во саботата извршија инспекциска контрола во угостителските објекти“, преку соопштение информираа од Агенцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.