ТЕЛМА: Како е предложена специјалната обвинителка?

Оваа изјава ја вознемири обвинителската фела, но и целата јавност која ги следеше  преговорите и изборот на обвинителот. На кој конкурс и каде се пријавила Катица Јанева и кои критериуми биле потребни за да биде избрана. Од Советот на јавни обвинители за Телма изјавија  дека немало конкурс и дека процедурата за нејзин избор е по предлог на Собранието. Иако во обвинителството обвинителите се избираат на конкурс овој пат била направена отстапка и таа е само изгласана од Советот.

За изјавата на обвинителката, Телма ги консултираше  партиите кои учествуваа во преговорите. Сите тврдат дека немало конкурс на кој можело да се пријават и други обвинители. Учесниците на преговарачката маса се единствени дека Катица Јанева била непознато име за нив и не знаат како се појавила на две листи. Јанева зборува за конкурс кој не постои . Според извори од партиите се понудила кај сите да ја извршува најважната задача во периодот што следи.

Партиите кога дошле до моментот да расправаат за името на обвинителот ставиле на маса листи со имиња. На секоја листа имало по петмина кандидати. На листата на ДУИ биле  наведени професори и адвокати албанци, ДПА воопшто не дала имиња. Името на Катица Јаневска било на листите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, иако претходно се прошири информација дека таа била предлог на сите партии. Сите се зачудиле од каде обвинителката од Гевгелија која нема искуство со организиран криминал би можела да се справи со предизвикот да истражува и гони евентуално откриен и докажан криминал на власта. Но, извори од опозицијата декеска изјавија дека и едните и другите се согласиле дека Јанева нема политички багаж и наклонетост кон било која партија се одлучиле токму таа да биде избрана.

Во јавноста се говореше дека јанева е предлог на странците. Странците енергично демантираа и  Европската комисија само додава дека Јанева ке ја има  нивната целосна поддршка. И таа во интрвјуто  поттврдува дека во работењето освен тимот кој  допрва ќе го составува, странците ќе бидат битен фактор во нејзиното работење.

извор ТЕЛМА

Leave a Reply

Your email address will not be published.