Телепатија: првиот успешен тест на далечина

Тим на истражувачи од Хардвард успеал за прв пат по пат на мисли да изврши размена на информации меѓу две личности оддалечени една од друга на повеќе од илјада километри.

Експериментот, чиј тек е детално изложен во научниот магазин Plos One, е сличен на телепатијата, т.е. способноста да се разменат мисли и чувства меѓу две личности на далечина, без посредство на било каков медиум.

Во овој експеримент учествувале четири личности, на старост од 28 до 50 години, од кои едната испраќале пораки, додека останатите три, во Франција, примале.

Истражувачите користеле интернет и електроенцефалограм.

На главата на ‘испраќачот’ на пораката поставиле електроди поврзани со комјутер кој неговите пораки/мисли, ги претворал во електрични импулси, ги преведувал во свој, бинарен систем и ги испраќал на другиот комјутер кој се наоѓал 8000км подалеку, во Стразбур.

Примателите ја добиле пораката во вид на светлосни сигнали. Имале превез на очите, а комјутерот им ја пренесувал пораката во мозокот по пат на транскранијални магнетни симулации. Станува збор за симулации на визуелниот мозочен кортекс. Личностите во Стразбур биле во состојба да ги протолкуваат светлосните сигнали и да ја примат пораката која им била испратена од далечна Индија.

“Сакавме да дознаеме дали две личности можат директно да комуницираат по пат на мозочна активност и тоа на голема физичка оддалеченост користејќи ги постоечките комуникациски патишта, пред се интернетот. Се поставува прашањето дали е можно да се надмине зборувањето и типкањето преку интернет и да се воспостави директна комуникација мозок – мозок меѓу два субјекти кои се физички оддалечени”, рекол Алваро Паскал – Леоне, еден од авторите на студијата.

Научниците сметаат дека ова е чекор напред во истражувањето на нови средства за комуникација и интеракција, првенствено имајќи ја во предвид можноста за комуникација со парализирани лица кои не можат да зборуваат.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.