Телефон што издржува 45 дена со едно полнење!

Телефонот е интересен заради неколку карактеристики. Секако, пред се тука е батеријата, која покрај големината, е надополнета со оптимизации што ќе и помогнат подолго да трае. Според Blu, батеријата издржува до 96 часа активно користење (4 дена), а до 45 дена во stand-by. Ова се навистина импресивни бројки!
Меѓу спецификациите на телефонот се 5 инчен екран со HD резолуција (1280 x 720 пиксели), quad-core MediaTek процесор кој работи на 1,3GHz и 1GB RAM. Просечните перформанси му помагаат на уредот дополнително да заштеди на потрошувачката на батерија.


Телефонот доаѓа со 8 мегапикселна задна камера, 2 мегапикселна предна камера и простор за складирање на податоци од 8 гигабајти, кој можете да го проширите преку MicroSD картичка.
Вториот интересен детал е оперативниот систем. За уред од средната класа, телефонот доаѓа со инсталиран Android 4.4.4 KitKat, кој ќе биде надграден на Android 5.0 Lollipop во текот на јуни.
Последниот аспект е цената – сето ова го добивате за цена од само 149 долари за отклучената верзија на уредот.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.