Телефон со најмоќен процесор: Google Nexus 5

Аналитичарите очекуваат дека ова ќе биде најмоќен телефон на пазарот, со дури три гигабајти работна меморија. Официјални податоци за спецификациите сè уште нема, но како и многу пати до сега, одредени податоци се појавија на интернет мрежата.

Телефонот нема да нуди можност да се прошири меморијата, но се очекува дека ќе дојде во две или три верзии со 16, 32 и 64GB простор за складирање. Бидејќи Google Nexus 5 го произведува LG, се претпоставува дека за многу нешта овој модел ќе се потпира на актуелниот модел LG G2 кој се покажа како безконкурентен на различни тестови.

Освен тоа, батеријата се очекува дека ќе биде со значајно зголемен капацитет како што е случај и со LG G2. Google Nexus 5 се очекува дека ќе има и камера од 13 мегапиксела.

Интересно е тоа дека странските медиуми на неколку различни места забележале модел LG кој носи ознака D820 за кој се сомневаат дека е токму новиот Nexus паметен телефон.

Цената според проценките на аналитичарите ќе се движи од 499 долари па нагоре, а продажбата би требала да започне кон крајот на овој месец.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.