Таткото на кавадаречкиот градоначалник повторно учесник во тепачка

Имено, во центарот настанала гужва во која повторно учествувал таткото на градоначалникот Панов, со иницијали П.П. и браќата Милкови со иницијали М.М. и П.М. Очевидци ни потврдија дека учесниците во тепачката биле растргнати од присутните граѓани кои биле сведоци на немилиот настан, а по интервенцијата на полицијата, инволвираните биле приведени во полициската станица во Кавадарци.

Само да напоменеме дека во јули минатата година на условна казна од четири месеци беше осуден П.П., татко на кавадаречкиот градоначалник Панов. Тогаш таткото на кавадаречкиот градоначалник беше обвинет, откако неговиот сограѓанин М.М. му поднесе тужба за нанесување на тешка телесна повреда откако беше брутално претепан.

Со дополнителни информации околу разврската на овој немил настан ќе Ве информараме подоцна.

Leave a Reply

Your email address will not be published.