Таму каде што цветаат мали библиотеки

Не постои каталог ниту чланарина. Овие незванични библиотеки работат на принципот “земи книга – врати книга”. Може да ја вратите истата книга која сте ја прочитале или да оставите нова.

“Минатата година стигнаа 11 нови книги” рекол Кевин Селиван кој својата мини библиотека ја отворил во предградието на Вашингтон во мај 2011 година.

Почнал неделно да става по околу 30 книги во ддрвена кутија во облик на куќа, која ја поставил врз црвеното поштенско сандаче на влезот во дворот.

Половина од книгите се детски. Бидејќи Саливан и сопругата живеат во близина на училиште мислеле дека би било одлично ако родителите и учениците “навратат до библиотеката да земат некоја книга.”

Направил мала реплика на училиштетот која ја исполнил со книги од своите родители и ставил натпис “бесплатни книги”.

Наскоро и неговите соседи го направиле истото пред своите домови. Сега слични библиотеки постојат и во земјите како Украина и пакистан.

Минатиот месец биле испратени 20 мини библиотеки во Гана. Во Индија Саливан ја подржува хуманитарната група со име “одиме во училиште” која планира да состави мали библиотеки за 3500 училишта. 

Неговата “една мини бибилиотека” се претворила во “15.000 библиотеки до почетокот на 2014 во 55 земји, а секој месец се појавуваат меѓу седуместотини до илјада нови пиплиотеки” рекол тој.

Иако многу од мини библиотеките изгледаат како куќи за птици, постојат и поинакви. Една изгледа како часовник, друга како робот, трета како театар …

За Филип Вахаб инсталирањето на мини библиотеки пред домовите е помалку поврзано за книгите – “мојата сопруга чита повеќе од мене” – а повеќе за неговата желба да се поврзи со соседите. “Ова е како дружба со соседите во маалото.”

Неговите соседи помогнале да ја плати и постави библиотеката во јануари, една од првите во Вашингтон. Вахаб покрај библиотеката поставил и клупа за да минувачите седнат и прочитаат нешто или поразговараат. Скоро секој ден се појавува нова книга. Многу од нив се поврзани со политиката бидејќи главно во САД живеат многу луѓе заинтересирани за политиката, рекол тој, но додал дека еден сосед обезбедил и голем број феминистички книги.

Во близина на Зоолошката во Вашингтон, студентката Ерин Астар ги собрала книгите за децата кои ги чувала. “Ова е добра можност заедницата да се собере, сподели искиства и да се образува” изјавила таа.

Главната библиотекарка во Вашингтон, Џин Купер вели дека е одушевена што кутии со книги се појавуваат низ целиот град.

“Да се подели книга, било да станува збор за мала библиотека или јавна библиотека е само уште еден показател дека Вашингтон е град на читатели”. 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.