Тамара почина за 30.000 евра, Груевски со мерцедес од 600.000 евра народни пари???

Последната бомба на опозицијата открива како премиерот Никола Груевски си нарачал возило Мерцедес во вредност од 600.000 евра народни пари од осиромашената македонска буџетска каса. Тој и Јанкулоска преку телефонски разговор си се фалат меѓусебе а Груевски и вели дека со Мерцедесот ќе ги одбегнувал новинарите и ќе ги избегнувал прашањата околу деветгодишните криминали кои ги изнаправи заедно со неговата тајфа, осиромашувајќи го македонецот до гола кожа.

Да не заборавиме, НИКОГАШ!!! Малечката Тамара од Велес почина заради пролонгирањето на процедурата за одобрување мочливи (во однос на мерцедесот) 30.000 евра од фондот за здравство за нејзино лекување во странство. 

 

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски

ГЈ: Ало
НГ: Горде здраво, шо праиш?
ГЈ: Здраво, добро еве на работа…со обврски вообичаено.
НГ: За ова се јавувам шо ми пиша…
ГЈ: Аха..
НГ: До локалните ние нема да објавуваме дека го презимаме возилото туку ќе глумиме дека е на МВР и вие ќеси го користите коа ќе ви доаѓа некој познат ова она, ќе го користите а ние ќе го користиме само коа ќе одам на пат или кога имам дестинации кајшто не ме чекаат новинари…
ГЈ: Нема проблем претседателе, јас пошто…
НГ: Така да заради тоа ќе го задржиме… ќе комбинираме…
ГЈ: Да да добро нема проблем…
НГ: Таму…кај шо ме чекаат куп новинари ќе си одам со старата
ГЈ: Да де да…
НГ: …или ако е на пат ќе одам со новото а некаде таму ќе се пребацам у друго и така, до локални, после локални ќе смислиме некој начин ќе објавиме дека сме го превземале од МВР и дека од сега…бидејќи 20 години више ќе направи претходното и дека сме го превземале тоа и така…
ГЈ: Добро јас нема проблем пошо нели веќе се заврши све…
НГ: Така, до локални нека си биде на вас, на ваше како се вика тоа…
ГЈ: Не, може и после да си биде на МВР возилото, значи нема никаков проблем…
НГ: Нека си биде
ГЈ: Значи сопственик си е МВР нема никаков проблем, у принцип мислам кај нас се задолжува возило на име за… да си внимава некој да не не го оставаме така…
НГ: Ама ако го задолжиме на Мац па после да не се дознае, м?
ГЈ: Па… мислам дознавањето е тоа некој надвор ако види иначе нема друго дознавање, мислам нема проблем и вака ќе си биде задолжено на овој Влатко шо ми е од возен парк па кога треба ќе си го земе Марјан со патен налог…
НГ: Е па и на Влатко, може ли на неколку да се задолжи?
ГЈ: Не само на едно лице може
НГ: Е па на Влатко од возен парк задолжи го…
ГЈ: Пошо он е нели началник…
НГ: Кажи му дека многу често ќе го користиме и ние и секогаш ко ќе ни треба да ни го дава…
ГЈ: Да, да, да, го знаете Влатко некни шо ме прашавте за него, тој е ептен е океј дечково мислам нема проблем…
НГ: Кажи му ти , секогаш коа ќе ни треба, Мацко и тој другиот како се викаше Аце, двајца се…
ГЈ: Да де да…
НГ: Коа ќе го побараат да ни го даат…
ГЈ: Не е проблем, јас ќе го викнам Влатко ќе се договорам со него, јас сакав прво со вас да се… да знаете до кај е, шо е работава, пошо нели скроз ја завршивме, па да знаете дека е е во ред…

Leave a Reply

Your email address will not be published.