Такса од 100 евра за македонските камиони при влез во Косово

Ваква одлука донесе косовската Влада, наведувајќи дека се работи за реципроцитетна мерка.

– Станува збор за реципроцитетна мерка за да се заштитат компаниите од Косово кои извезуваат. Оваа такса ќе се применува и за останатите држави од регионот со исклучок на Албанија, бидејќи таа никогаш не применувала било каква такса за камиони од Косово, изјави Љах Нитај, советник на косовскиот министер за инфраструктура.

Тој информира дека косовските компании при влез во Србија плаќале такса од 100 евра по камион и оти од вчера истата мерка е воведена за камионите од регионот.

Според него, таксата од 100 евра ќе биде наплаќана за секој влез во Косово.

Leave a Reply

Your email address will not be published.