Тајни организации кои владеат со светот (1): Oпус Деи

Opus Dei е позната како теолошки многу конзервативна организација, која безусловно ги прифаќа авторитетите на црковната хиерархија и нејзините догми. Долго била предмет на бројни полемики, често оптужувана за тајност на работењето, окултни обреди и големи политички амбиции.

Од 2010 година оваа организација привлече внимание низ светот благодарение на романот Kодот на Да Винчи.

ИСТОРИЈА

Opus Dei е основана 1928 година во Шпанија од страна на свештеникот Хосемарија Ескрива де Балагуера и Албаса (прогласен за светец во 2002 година).

За време на владеењето на фашистот Франциско Франко прераснала во водечка црковна организација во Шпанија која била поврзувана со бизнисмените, политичарите и радикалниот клер.

Со оглед дека во оваа организација членувале и високо образовани луѓе, тогашниот генералисимус Франко поставил неколку од нив за министри во својата влада, кои требале да му помогнат да ги осмислат економските реформи – 1956. По смртта на Франко во 1975 година, и демотажата на неговиот режим, ослабело и влијанието на Opus Dei во Шпанија. 

Оваа организација е службено одобрено од страна на Светата столица во 1950 година како лаичка меѓународна организација (нов облик на верско здружување) чии членови живеат по принципите на евангелието во својот секојдневен световен живот. За разлика од другите организации, чија работа се организира според некои гоеграфски принципи, и со кои управуваат локално свештеници – Opus Dei нема такви ограничувања, па тие ги организираат заедниците и нивната работа во делови од светот според сопствени одлуки, и сами одлучуваат кој ќе биде примен во членството. Поради тоа оваа организација има статус кој претходно не е одобрен на ниту едно католичко братство, па ниту било каква свештеничка заедница – тие се некој вид нетериторијална бискупија. 

ЧЛЕНСТВО И КОНТРОЛА

Opus Dei на почетокот од своите членови барала да положат заклетва за послушност и чистота. Меѓутоа, од кога се под директна ингеренција на Папата од своите нови членови сега бараат договорна обрвска да поминат низ духовна наобразба, која вклучува недлни курсеви и годишна духовна обнова, со редовно посетување на миси и останати верски активности. Новите членови треба да поминат низ период на искушение, кој трае најмалку пет години, ред да станат полноправни членови. И тие често се самоказнуваат, постат, апстинираат од некои уживања и носат предмети од козји или влакна од камила, денес тоа се најчесто белегзии со мали (симболички) трнови кои ги носат најчесто околу надлактицата.

Оpus Dei се обвинува за агресивност при врбувањето на новите членови, на кои после ‘обуката’ им се перат мозоците така што се држат изолирани од членовите на нивните семејства. 

На членовите им се забранува да го откријат своето членство во организацијата без дозвола на надредените. 

СТРУКТУРА

Од 1982 година на чело на организацијата е прелатот кој го избираат самите членови, кои ги има околу 85000 низ светот. Актуелен прелат е Хавиер Ечевариа – многу влијателен во ватикан, меѓу многубројните функции кои ги има тој е и советник на Конгрегацијата за духовништво на католичката црква, институции кои одлучуваат за кариерата на илјадници бискупи низ светот. Од 1930 година Opus Dei има и огранок за жени, и со оглед дека се држат до строгите морални начела, од секогаш ги градат своите установи наменети само за еден пол.

Што се однесува до хиерархиската структура, таа формално не постои бидејќи членовите се еднакви, но сепак имаат четири категории членови: нумерарии, супернумерарии, асоцијати и свештеници. Нумерариите кои претставуваат само 20% од членството, се најважните членови, по нив следат асоцијатите, па супернумерариите (околу 70%) и на крај свештениците кои ги има само околу 1900.

Нумерариите посветуваат најголем дел од своето време на организацијата, и тие како и свештениците се дожни да го одржуваат целибатот, живеат во истополни заедници на Opus Dei, но работат надвор од заедницата, у граѓанските општества, и се занимаваат со својата секуларна работа. Тие даваат заклетва на сиромашност, невиност и покорност, целиот свој приход се должни да го предадат на организацијата, од кој добиваат џепарац и пари за други потреби. Еден помал круг на нумерарии работи во администрацијата на самата организација.

Асоцијатите се разликуваат од нумерариите само по тоа што не живеат во заедници, најчесто поради семејни причини, но се придржуваат кон истите заклетви.

Супернумерариите се најбројни, тие можат слободно да се женат, но и од нив се бара да даваат финансиска подршка за организацијата, и да покажуваат христијански доблести во својот секојдневен живот.

Коператите (надворешните соработници) всушност и не се членови – но со нив често се служи Opus Dei во својата работа, тие дури и не мора да бидат христијани!, но пред да се ангажираат мораат да бараат дозвола од Светата столица.

ПОЗНАТИ ЧЛЕНОВИ И СИМПАТИЗЕРИ

Во 1995 година парискиот весник Le Monde Deiplomatique објавил листа на тогашните најистакнати членови на Opus Dei во Европа, меѓу останатите тука се Рејмонд Барре (поранешен француски премиер), Валери Гискард д’Естаинг (поранашен француски претседател), Жак Сантер (поранешен претседател на Европската комисија) и Алојз Мок (поранешен австриски министер за надворешни работи), а симпатизери биле Хозе Мариа Азнар (поранешен шпански премиер), Хуан Антонио Самаранч (поранешен претседател на МОК) и надвојводата Ото вон хабсбург – Лотхринген.

‘ЗАДАЧА’ НА OPUS DEI

Во едно интервју во 1993 година запрашан која е специјалната задача на Opus Dei доделена од Ватикан, портпаролот на оваа организација од Рим, Ѓузепе Кориглиано одговорил: “Европа”. Со стратегиска прецизност, организацијата се концентрира на Европските активности во виталните области како: формирање на мислењата меѓу истражувачките институции низ континентот; учествување во медицинските заедници вклучувајќи и изградба на болници; активности на терен против легалниот абортус; и над се, политичко присуство на највисоко ниво во владите и еврпопските институции, со што ќе се направи директна линија помеѓу Ватикан и секуларното срце на Европа.
 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.