Свирепо трократно убиство во Кавадарци

Најверојатно брачните проблеми се мотивот со кој осомнчениот Т.С. од Кавадарци својата правда решил да ја бара кај роднините од својата сопруга.

Со неколку истрели од својот пиштол на лице место ја застрелал сестрата на сопругата, нејзината мајката и нејзиниот татко. Осомничениот поседувал дозвола за пиштолот. Полицијата сеуште трага по сторителот.

Соседите видно вознемирени од случката. Велат дека Т.С веќе неколку месеци бил разведен со својата сопруга но тоа никако не можел да го преболи. Осомничениот е татко на две малолетни деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published.