Свет кој е поделен на две племиња

“Сакав да мислам дека светот е поделен на племиња“, реков. “На бели и црни. Индијанци и Бели. Но сега знам дека тоа не е вистина. Светот е поделен само на две племиња, на луѓе кои се серковци и луѓе кои не се.“ (Sherman Alexie)


Нашиот свет е чудна работа. Додека од една страна се спроведува глобализацијата, од друга страна се повеќе и повеќе се зголемува јазот помеѓу луѓето. Најверојатно луѓето сеуште не се спремни да се зближат, да слушнат друго мислење, тоа истото да го прифатат како еднакво вредно за сите. Босна и Херцеговина од секогаш била земја на соживот, почитување и пријателство помеѓу обичните мали луѓе, но војната го уништи тој дух на заедништво.


Човек е доведен во позиција да се бори, да го убива оној со кој ги делел животните тешкотии, со кого пеел и бил близок. Тоа е една апсурдна состојба, која нема никаква смисла. Луѓето станаа огорчени едни наспроти други, исполнети со болесна омраза и нетрпеливост. Длабоко се вградени во своето “племе“ и цврсто се одлучени да не излегуваат од него.


Се требаше поново да се гради, но овој пат беше многу, многу потешко. Дури и денес, дваесет години од завршувањето на војната тој процес и понатаму трае. Ги разбирам луѓето кои ги изгубиле саканите особи, цели семејства, домот, дека сеуште не се спремни да излезат од “племето“, но она што навистина неможам да го разберам се новите генерации млади луѓе, на кои и самата припаѓам, кои немаат осетено ни најмала последица од тие ужасни случувања, а сепак се опседнати со тој глуп национализам.


Најлошата работа е тоа што младите не знаат ама баш ништо од работите кои што се случувале, а сите оние малку информации што ги знаат, се толку небитни за да му се посвети толкаво внимание. Најмногу ме прави тажна состојбата во моето место, каде што луѓето се ограничени, каде што е скандал да бидеш пријател со муслиман, каде што нема сонување, каде што нема услови за создавање на дијалог.


Мојот град е поделен на два дела, на “нивен“ и на “наш“. Се е поделено. Секој од нас знае точно каде му е местото. Децата во училиштата учат како да бидат “прави“ Хрвати (или прави Бошњаци). Нашето го величиме, го издигнуваме над се а додека , нивното го плукаме и омаловажуваме.


Такви сме ние. Тажно е тоа, но навистина. Понекогаш имам чуство дека никогаш нема ништо да се промени, дека засекогаш ќе постојат тие граници помеѓу овие две “племиња“ и дека никој нема да биде толку упорен да направи промени, од тоа се плашам.


Покрај се, сепак се надевам дека со текот на времето “племињата“ ќе станат попаметни, и ќе ги срушат сите тие ѕидови кои не раздвојуваат и ќе сватат дека многу работи не поврзуваат. Ајде да престанеме да бидеме Хрвати, Бошњаци или Срби и на неколку минути да бидеме само добри или лоши, само такви. Тоа е единствениот начин да станеме свесни дека само обединети во различностите можеме да создадеме големи работи.


Авторката на текстот е средношколка од БиХ.

Во Сараево е завршен проектот под наслов “Jedna BiH, jedna knjiga“ во организација на Амбасадата на САД. Во пишување на есеј победи Барбара Маркешиќ од средното училиште Прозор.

Leave a Reply

Your email address will not be published.