Швајцарија прва во светот по квалитет на човечки ресурси

На второ место се наоѓа Финска, а на трето Сингапур.
Холандија е четврта, а следат Шведска и Германија. На последно место на листата е Јемен, наведува швајцарскиот весник 24 часа.
Меѓу првите десет земји на листата, најголем дел се од Северна Европа, а надвор од Европа се Сингапур и Канада.
Во извештајот на ВЕФ се наведува дека Индексот на човечки ресурси го мери капацитетот на државите да развијат и користат здрави, квалификувани и компетентни човечки ресурси.
Јапонија се наоѓа на 15 место, САД на 16, Франција на 21, а Кина на 43 позиција.
Русија е 41, Бразил 57, Индија 78, а Јужна Африка на 86 место.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.