Швајцарија – на секој жител 2000 евра месечно

Толку успешна не била ниту една иницијатива до сега во Швајцарија, од април минатата година, кога започнало прибирањето потписи, подршка дале повеќе од 130.000 граѓани.
Универзалниот доход на сите граѓани на Швајцарија би им овозможил достое ѓивот, било напишано во текстот на иницијативата, која предвидува универзалниот доход за возрасен граѓанин да изнесува 2029 евра а за секое дете една четвртина од таа сума.
Според иницијативата, оној кој денес заработува 5000 швајцарски франци во иднина би добивал 2500 од универзалниот доход и 2500 од плата.
Според Швајцарското законодавство ако било која иницијатива собере преку 100.000 потписи за неа избирачите се изјаснуваат на референдум, чиј исход за законодавството е задолжителен, т.е. мора да се спроведи.
Прашањето како ќе се финансира тој доход останува отворено, бидејќи пресметките кажуваат дека за него би биле пот ребни околу 200 милиони швајцарски франци годишно. Дел од нив би се финансирале од сумата која би се заштедила кај социјалните трансфери, а дел од данокот на потрошувачите.
Иницијативата ја подржува и швајцарскиот синдикат, кој смета дека со универзалниот доход би се зајакнала позицијата на вработените кои своето работно место би го бирале со помл економски притисок.
Во исто време работодавците би биле присилени повеќе да ги плаќаат досега слабо платените работни места. Во синдикатите сметаат дека најголема корист од универзалниот доход би имале младите луѓе, бидејќи сигурниот доход на студентите на крајот од студиите би им овозможил со помалку стрес и со поголема храброст да се впуштат во самостојно претприемаштво.
На прашањето зошто таква иницијатива има толку подршка во една од најбогатите држави во светот, експертите договараат дека Швајцарија се вбројува во државите во кои во последните 20 години социјалните нееднаквости најмногу се зголемиле.
Тоа го потврдува статистиката на OECD според која во таа држава о осум милиони жители живеат десетина од сите милијардери во светот, а 3% од нејзините даночни обврзници поседуваат имот поголем одколку сите останати 97% заедно.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.