Суштество каково не сте виделе – жив камен

Потполно е неподвижно, баш како камен, и се храни така што вшмукува вода и ја филтрира за од неа да ги издвои микроорганизмите. Крвта на овие чудни суштества е бистра и интересно е што содржи значително висок процент на реткиот минерал ванадиум.

Родено е како мажјак, а во текот на пубертетот станува хермафродит кој исфрла јајца и спрема во околната вода, со надеж дека тие некако ќе се сретнат и ќе дојде до оплодување. Самооплодувањето се развило поради невната непокретност и неможноста единките од спротивен пол да стапат во меѓусебен контакт. 

Ова чудно суштество живее на карпестите брегови на Чиле и Перу. Локалното население го јадат сирово и зготвено, додека доселениците нивниот вкус го опишуваат како горк, со чуден вкус на јод.

Причината е можеби ванадиумот, минерал кој кој се наоѓа во сировата нафта и катранскиот песок. Ова суштество во телото може да има 10 пати повеќе ванадиум отколку што има во околната вода. Зошто и како ова суштество има способност да акумулира толку висока количина ванадиум, останува непознато.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.