Султани наместо министри

пишува Мирјана Најчевска

Кога некој ќе дојде на функција тој добива многу права (тоа се сите наши права кои му ги пренеуваме за да може да управува со нашите средства, во наши име и за наш интерес), добива многу моќ (тоа е нашата моќ која му ја пренесувам со цел да се изградат генералните политики, посебните политики и системот кој ќе го сведе моментот на лична грешка на минимум) и многу одговорност (тоа е командна одговорност каква што има секој менаџер кој одговара за пропустите на своите работници).

На пример, кога еден фудбалски тим ќе падне во пласманот, први кои вообичаено се менуваат се селекторот и тренерот. Ниту еден од нив не игра на терен и секој од нив може да каже дека станува збор за лични грешки на играчите, меѓутоа, тоа што тимот паднал значи дека тие не ја завршиле работата за која се избрани.

Исто и со министрите. Кога има груби грешки заради кои умираат луѓе, крив е тој кој го изградил системот, затоа што системот треба да обезбеди пијани луѓе да не можат ни да се доближат до болницата, а камоли да бидат активни учесници во некоја операција.

Се додека граѓаните не ја разберат оваа одговорност, ќе имаме султани наместо министри.

Leave a Reply

Your email address will not be published.