Судир меѓу полицијата и демонстрантите пред стадион во Бразил

Околу 50 илјади демонстранти се упатија кон стадионот во Бело Хоризонте. Повеќето од нив не се приближуваа до полицискиот кордон, но неколкумина тргнаа напред, поради што полицијата употреби солзавец.
Демонстраните останаа со истите барања, кои ги изнесуваат од почетокот на протестот – повеќе средства за образованието и здравството и пресметка со корупцијата.
Тие исто така протестираат поради големите трошоци за Светското фудбалско првенство – 2014, чија увертира е Купот на конфедерации.
Во главниот град Бразилија, активистите за борба против социјалната нееднаквост поставија 594 топки пред зградата на Парламентот, за да покажат дека „топката е на теренот на Конгресот за да ги усвои реформите, кои ги бараат демонстрантите“.
Претседателката на Бразил Дилма Русеф во понеделникот предложи референдум за политички реформи, кои би можел да се одржи на 7 септември.
Бразилците, кои на почетокот на јуни излегоа на улиците поради зголемувањето на цените на превозот, сега бараат подобро здравство, образование, помали даноци и протестираат поради големите трошоци за организирање на Светското првенство во фудбал и корупцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.