Студентскиот дом „Кузман“ цел месец без топла вода

Се снаоѓаат како знаат и умеат, но трпението им е при крај, особено последниве денови, кога најмногу се чувствуваат последиците од високите летни температури, пренесува Телма. Повеќе информации за целиот проблем не успеавме да добиеме од вработените лица од домот, кои не само што ни забранија да снимаме, туку побараа од нас и да го напуштиме дворното место на објектот.

Станарите пак се согласуваат да зборуваат за потешкотиите , но не пред нашата камера. Според информацииите од еден од студентите кој анонимно се јави во нашата редакција во овој дом во моментов се сместени повеќе од 50 станари кои се на пракса или волонтери во некои фирми. Секоој од нив плаќа по 3000 денари за тековниот месец. Одбивањето јавно да коментираат за овој проблем секој од нив различно го толкува, но во основа е стравот дека следната година ќе останат без легло.

Проблем има и во студенткиот дом Стив Наумов каде веќе две недели нема струја.Одговор на целата ситуација не успеавме да добиеме од директорот на државниот студентски центар Даниела Темелкова која беше недостапна. Со неа во изминатиот период разговарал претседателот на студенткиот парламент Кирил Спировски кој побарал итно решавање на проблемите. Темелкова му објаснила дека станува збор за дефекти на кои се работи, без да прецизира кога ќе бидат санирани.Проблемите во електричната мрежа во домовите, особено во Кузман не се нови. Надлежните до сега не понудија конечно решение.

Leave a Reply

Your email address will not be published.