Студентскиот дом „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ е недостоинствено место за студентски живот

Огнена стихија опожари две соби во студенткиот дом „Гоце Делечев“. Повредени нема. Револтот е голем бидејќи пожарите се чести а условите не се подобруваат, велат студентите. Во апарил изгоре скоро цел кат, а причината беше вклучена греалка, овој пат не се знае како се запалиле собите во кои не живее никој. Изборот што мора да го направат станарите е да седат без парно или да ризикуваат со греалките.

Како и зошто дошло до пожарот? Екипата на Телма се увери во невозможните и очигледно опасни услови за живот,во некогаш репрезентатиниот студентски дом. Блок „Г“ некогаш посакувано живеалиште за студентите, сега е во очајна состојба. Металната влезна врата е скршена, а внатре не не пречека никој.

„Тесните и мрачни ходници не можат да ја сокријат сликата со која се соочува Студентскиот дом „Гоце Делчев“. Ишкртаните ѕидови, водата коај тече од сите страни е дел од секојдневието на студентите“.

Не е поинаку и во една од собите. Пет метри квадратни руиниран простор е дом на две студентки, место депресивно и недостојно за живот на млади луѓе.

Ходникот што ги поврзува собите завршува на крајот од спратот. Овде се наоѓаат тоалетите. Санитарните јазли не го исполнуваат ниту најосновниот хигиенски минимум. Нечистотија, неподнослива миризба се само дел од лошите услови со кои се соочуваат станарите. Повеќе од илјада студенти секојдневно ги посетуваат тоалетите кои се потенцијален извор на заразни болести.

Грда слика, велат студентите генeреално за живтотот во студенстки дом. Но, се плашат и за тие десетина „свои“квадратни метри, бегаат од микрофонот, невозможно е да се добие соговорник на оваа тема. И со вакви лоши услови во домовите, интересот за добивање на простор е голем, а патот да се стигне до клуч е тежок и е потребна среќа.

Нивниот живот овде е само една приказна за која надлежните молчат,а управата сака да ја сокрие. Не е поинаку ниту во „Пелагонија“, „Медицинар“, „Стив Наумов“, „Кузман“. Сите овие објекти во кои вложувањата се минимални или воопшто ги нема , со години чекааат на целосна реконструкција. Принудени од лошиот животен стандард да поминат со 3500 денари месечно во некој од домовите е судбина за нив, велат самите студенти. Заминавме,а станарите продолжија со секојдневните активности, чекајки немоќно и молчешкум, државата ,под чија надлежност се домовите, да промени нешто за подобрување на лошата состојба.

Извор и фото ТЕЛМА

Leave a Reply

Your email address will not be published.