Студентска архитектонска визија

СТАВ е изложба на дипломски проекти на генерацијата запишана 2006 година на Архитектонскиот факултет – Скопје, Универзитетот Св. Кирил и Методиј . Изложбата е насловена СТАВ што претставува кованица од СТудентска Архитектонска Визија и испраќа порака до јавноста дека младите архитекти во Македонија имаат свој став кон архитектурата и гласно го искажуваат.

Ќе бидат претставени 50 проекти кои разработуваат теми од различен карактер – пренамена на напуштени индустриски објекти, хотели, винарии, ревитализација на македоски села и други. Проектите се работени низ различни локации низ државата и се под менторство на професорите и асистентите од Архитектонскиот факултет при УКИМ – Скопје. 

СТАВ посакува изложбата да биде иницијална каписла која ќе предизвика бура од лични ставови, визии, критики, нови изложби, инсталации, како и активно вклучување на архитектите во општественото делување. 

Отворањето на излобата ќе биде проследено со коктел каде ќе имате можност да ги запознаете и членовите на организацијата СТАВ, како и да продискутирате за идеите и целта на оваа изложба. 

Покровител на настанот е Асоцијација на Архитекти на Македонија. Изложбата е од јавен карактер и се поканети сите да се запознаат со една поинаква визија од перцепцијата која ни е позната. Поставката ќе биде отворена една недела во Музеј галеријата на Кавадарци. Локални спонзори на оваа изложба се “Кожувчанка” и винарија “Бујук” – Кавадарци.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.