Студентите во среда ќе го окупираат универзитетот!

„Одложувањето на примената на членовите од законот, беше само прв чекор кон она што го бараме, нов закон со кој системски ќе го ревидираме концептот на високо образование.

Ветувања чувме, но немаме намера да седиме дома и да се надеваме дека кармата ќе го стори останатото. До овде стигнавме, затоа што сложни, гласно на сите начини се спротивставуваме на наметнатите реформи во високото образование.

Ајде да го освоиме назад универзитетот, време е да креираме автономна зона!

Среда, 11.02.2015, Плато на УКИМ, пладне“, повикуваат студентите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.