Студентите низ светот се обединија за враќање на образованието

Неделата за акција имаше протести и едукативни настани во 10 различни земји од Мароко до Индија и САД. Студентските групи организираа настани како одговор на повикот за акција да се организира Глобална недела на акции против проблемите со кои се соочени студентите низ светот: “Кратења на буџетите, затворање на училишта, зголемување на трошоците за живот и зголемените партиципации за запишување во училиштата и факултетите, меѓу другите феномени, сите се поврзани со зголемената комерцијализација и приватизација на образованието. Глобалното обединување е одговор на овие пречки – борбата за еманципаторско образование е за сите.”

Овие акции првично се иницирани од студентските активисти кои се координирале преку Меѓународната платформа за студентски движења (ISM). Обединети од ISM и глобалната рамка на Договорот за меѓународно здружување, која го содржи популарниот слоган и хаштаг “#World1Struggle“, неделата на акција ја унапредила целта на ISM да ги зајакнат и да изградат нови врски и солидарност меѓу студентите и младите активисти низ светот кои се повеќе се оптоварени од истиот збир на проблеми. Општата цел за еманципаторско образование, за ISM, значи “да им се дозволи критичка рефлексија на младите, како и да можат да ги разберат моќните структури и околината која ги опкружува. Образованието не смее само да овозможува еманципација на индивидуата туку и на општеството како целина.”

Почнувајќи од 2008 година, ISM помага во координација на глобалните студентски акции со цел да се изедначат глобалните образовни системи со целта која ја имаат, и влијанието станува се поголемо. Еден од коосновачите на ISM и член на Генералниот комитет на студентите, Мо, моментално работи со Движењето за слободно образование Марбуг од Германија (FreEduMM – Free Education Movement marbug). Тој е член на ISM од самите почетоци, и тој зборуваше за Глобалната недела на акција за враќање на образованието назад.

Што претставува Платформата за меѓународното студентско движење?

Мо: Кога луѓето ќе слушнат за Меѓународното студентско движење, често претпоставуваат дека е некој вид на организација или фиксна мрежа. Но не така. ISM е отворена комуникциска платформа за индивидуи и групи од целиот свет кои се соочуваат со борбата за слободно и еманципаторско образование. Луѓето низ светот се соочуваат со многу слични предизвици во училиштата и факултетите: зголемени школарини, репресија, де – демократизација и комерцијализација. ISM се користи за вмрежување, размена на информации и помош при координацијата на транснационално ниво.

Со оглед на тоа дека ISM е комуникациска платформа, никој не може да ја претставува или да зборува во нејзино име. Инфраструктурата е претставена главно преку листа на email адреси која моментално се состои од 1500 контакти низ светот, интернет портали, регуларни chat состаноци, како и канали на социјалните медиуми. 

ISM започна да функционира во 2008 година како резултат на акцијата на интернационалниот ден против комерцијализацијата на образованието на 5 Ноември. По денот на акција, кој главно на меѓунардно ниво беше координиран од индивиудални активисти од Парис, Даблин, Бристол, Монровиа и Отава, беше одлучено да се воспостави ист тип на подолготрајна инфраструктура која ќе дозволи да останеме поврзани и да вклучиме повеќе луѓе од целиот свет. Тогаш се роди ISM. 

Платформата се одржува од индивидуални активисти во различни делови од светот. Ќе продолжи да постои се додека индивуите се доволно мотивирани во борбата да помогнат да се одржи оваа структура, да ја подобрат, и да ја направат корисна. 

Како се случи Глобалната недела на акција? Колку широка беше таа?

Мо: Оваа година Глобалната недела на акција беше предложена од студентски активист во Осијек, Хрватска. Во текот на неколку јавни разговори беше креиран повик за акција и беше договорена глобалната рамка за неделата на акција.

Повикот за акција беше подржан од околу 15 студентски иницијативи и организации во 10 земји, како Мароко, САД, Холандија и Индија. 

Тешко е точно да се предвиди што ќе се случи во текот на неделата на акција, иако некои групи ги најавија своите активности претходно. Целата недела се организираа активности во Рабат, Мароко и Чикаго, САД. Беа планирани да се постават слободни универзитети на Универзитетот Шефилд во Англија и Њу Јорк додека различни групи од разлини делови на светот се мобилизираа во студентски блокови за May Day блокадите. Исто така имаше планирано и изведба на улична уметност во Рио Де Женеиро и Амсердам. 

Се додека траеше неделата на акција од 1 – 8 Мај, индивидуи или мали групи исто така можеа да бидат дел од глобалната недела преку учество во проектот “Твојата борба преку слика” во кој луѓето се сликаа држејќи банер/постер со порака поврзана со борбата пред некој локален познат објект или пред некоја зграда каде е испишано името на училиштето или универзитетот, и/или можеа да се вклучат во повикот за симултано расфрлање на банери.

 

 

 

Зошто Глобалната неделана акција се случува сега? Што очекувате да постигнете?

Мо: Се случува сега затоа што студентите во Осијек ја предложија сега а активистите низ целиот свет ја прифатија идеата.

Но исто така не е случајност што неделата на акција започнува баш на денот на трудот. Како што е објаснето во повикот за акција: “Ние одлучивме да ја започнеме оваа Глобална недела на акција на 1 Мај затоа што ја гледаме борбата внатре во образовниот систем како директно поврзана со светското движење на работничката класа. Сите ние се бориме против симптомите на моменталниот предоминантен економски систем и можеме да го надминеме само ако се обединиме во нашите напори.”

Не можам да зборувам во име на другите, но лично, она што се надевам дека ќе се постигне со Глобалната недела на акција е луѓето од сите земји и континенти да се зближат и да делуваат обединето. Мислам дека овие процеси ги рушат националните граници – барем во нашите глави. Тоа е еден аспект.

Другиот аспект е дека оваа недела на акција ги обезбедува групите со рамка, која ќе им помогне лесно да ги поврзат локалните проблеми со борбата на глобално ниво. Преку фокусирање на глобално ниво вистинските структурални корани на нашите проблеми – кои ги предизвикуваат најголемиот дел од проблемите со кои се соочуваме и против кои се бориме на локално ниво – да се откријат. Наместо да покажуваме со прст на поединечни политички партии, влади, или универзитети, фокусот го ставаме на предоминантниот економски систем. Низ светот, капиталистичкиот систем го образува образовниот систем. Верувам дека неделата на акција помогна да се подигне свеста во однос на ова.

Каде во светот очекувавте дека ќе видете најголем број на студентска активност? Која студентска борба е најбитна или најинтензивна во мометот? 

Мо: Ова не е лесно да се одговори. До каде ќе може движењето да се развива зависи од влијанието и тактиките кои се применуваат од страна на локалните групи како и од локалните услови.

Моментално ниту една студентска битка не ја гледам како ‘најзначајна’. Најчесто ги сметаме за ‘најинтензивни’ оние протести кои се најчесто присутни во меинстрим медиумите. Но исто така и помалите активности кои не добиваат доволно простор во медиумите можат да бидат значајни за развој на локално ниво – особено во региони каде еманципаторските напори не се вообичаени.

Не знам што се случува насекаде во светот. Но еве неколку примери од она што го гледам последно:

Предавачите во Нигерија штрајкуваат неколку месеци во нивната броба против хронично слабо латениот образовен систем. Тие исто така имаат подршка од студентските организации, кои вообичаено борбата ја изнесуваат на улица. Студентските групи во Шри ланка и делови од јужна Европа, како Шпанија, Италија и Грција постојано се активно во борбата против мерките за штедење во нивните земји. Покрај тоа, студентите во САД, Англија и Холандија, Индија, Бангладеш, Пакистан, Германија и други делови од светот повремено протестираат пред поединечни универзитети за да се заштитат од зголемувњето на школарините како и од зголемената комерцијализација на образованието во целост.

Во оваа фаза, само неколку од оние вклучени во претходно споменатите протести навистина се поврзуваат на меѓународно ниво и стануваат дел од координираните напори преку ISM.

Останува да видиме каде најголем дел од активностите поврзани со наредната глобална недела на акција ќе се случат.

Што мислите дека ќе биде следно за глобалното студентско движење? Како на долг рок се надевате дека ќе се одвива напредокот на студентските борби?

Мо: Ќе биде одлично ако поголем дел од групите и движењата се сплотат и обединат во борбата за слободно еманципаторско образование, така што националните граници ќе исчезнат во нивните глави и нивниот труд ќе може да се комбинира. Покрај се, проблемите со кои се соочуваме се слични во целиот свет. 

Следните акции кои ќе бидат координирани преку ISM зависат од иницијативите или предлозите од страна на активистите или групите, но во последните неколку години имавме повици за иста ваква Недела на акција во Ноември, бидејќи е добро време од годината да се биде активен за многу студенти низ светот. Ноември е еден од месеците во кој нема одмори на најголем дел од образовните институции низ светот.

Ноември исто така е месец во кој се случи големиот глобален образовен штрајк во 2012 година, па ќе остане да видиме. 

Верувам дека овој цитат земен од меѓународниот заеднички документ за образование, кој беше формулиран како резултат на многу разговори во текот на 2010 и 2011 година и кој сега е подржан од преку 100 групи низ светот, ја носи иднината на нашето движење во подобра иднина:

“Додека имплицираме локален притисок за да влијаеме со нашите индивиудални/локални политики и легислативи, мора секогаш да бидеме свесни на глобалната и структуралната природа на нашите проблеми и да учиме од тактитките, искуствата во организирање и теоретското знаење на сите нас. Краткорочните промени може да се постигнат на локално ниво, но големите промени ќе се случат само ако се обединиме глобално. ”

 

Извор: popularresistance.org

Leave a Reply

Your email address will not be published.