Студентите го окупираа универзитетот, вечерва ќе спијат таму

Поголема група студенти се собра на платото на универзитетот и со истакнување на паролите „Автономна зона” и „Универзитетот е наш” уште еднаш ги искажаа своите барања и ставови во врска со законот за високо образование, за кој бараат целосна ревизија и изготвување на нов закон.

Тие, откако ја прогласија „Автономната зона”, влегоа во аулата на Филозофскиот факултет, каде заедно со професорите ја испеаа „Вива ла академија” и симболично го зазедоа факултетот, а потоа беа зеземени и другите факултети што се наоѓаат во склоп на кампусот на УКИМ.

Студентите со себе носеа храна, пијалоци, овошје и вреќи за спиење бидејќи како што најавија окупацијата ќе трае до целосно исполнување на нивните барања и изготвување нов закон за високо образование.

Тие на Правниот факултет одат од предавална во предавална, а нивните колеги ги напуштаат предавалните и масовно се приклучуваат во окупацијата.

Извор ФОКУС

Leave a Reply

Your email address will not be published.