Стресот убива – се’ почесто на мета се младите луѓе

Во тетовско секојдневно се објавуваат некролози на починати лица, најчесто во третата или четвртата деценија од животот. Од градските православни гробишта тврдат дека е зголемена бројката на погреби но, загрижува податокот дека голем дел од нив, не ја надживеале нути средната доба од животот. Семејствата на упокоените помлади лица, велат дека смртта настапила ненадејно или по добиен мозочен удар или од проблеми со крвниот притисок.

Од Центарот за јавно здравје Тетово, велат дека општите податоци говорат дека нездравата животна средина и неквалитетниот начин на исхрана, придонесува да се намалува животниот век. Тетовци сметаат дека институциите треба превентивно, преку разни мерки и активности да поведат поголема грижа за човековото здравје, а народот условно модерното живеење, да го замени со здрав начин на живот.

Доктор Методи Чепреганов вели дека климата и начинот на исхрана се фактори кои влијаат на животниот век, но најголем виновник за прераните смртни случаи е хроиничниот стрес, со кој се соочува населението во Македонија. Ваквата стресогена состојба е резултат на неквалитетниот начин на живот, од апсект на економски стандарди и полититички и конфликтни ситуации од разновиден карактер. Стресот постепено го слабее одбранбениот механизам кај човековиот организам, кој потоа станува подложен на разни болести со смртни последици.

Дека квалитетниот начин на живот е основен услов за долг живот говори и податокот за просечниот животен век во европските држави. За разлика од кај нас, во Франција просечно се живее околу 85 години. 

Извор ТЕЛМА

Leave a Reply

Your email address will not be published.