Стразбур ја осуди Велика Британија за кршење на правата на затворениците

Пресудата се однесува на случајот со повеќе од илјада лица, кои биле во затвор во времето кога во земјата се одржувале избори на различни нивоа во периодот меѓу 2009 и 2011 година.

Со оваа пресуда не се опфатени луѓето кои се осудени за тешки кривични дела, за извршени злосторства и за тероризам, туку само осуденици за полесни кривични дела и со помали затворски казни.

Судот одново побара од британската Влада да го промени законот што го забранува правото затворениците да гласаат на избори во затворите низ Велика Британија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.