Страотна несреќа во Црна Гора: Романски автобус излета во 30 метарска провалија

31 возрасни луѓе и едно дете се повредени. Тамошните медиуми најпрво објавиле дека загинале дваесетина луѓе.

Потпретседателот на црногорскиот парламент учествувал во спасувањето “Ниту во најужасните филмови нема такви сцени” изјавил тој.

Како што јавуваат репортерите, до Клиничкиот центар повредените биле превезувани со Брза помош, со помош на војската на Црна Гора и со помош на граѓаните.

Се работи за автобус со романски таблици кој околу 15.00 часот влегол во Црна Гора на граничниот премин Добраково. 

Автобусот излегол од тунелот, ја пробил оградата на почетокот на мостот од левата страна и се запрел во провалијата на околу 30 – 40 метра од патот.

Репортерите јавуваат дека на местото на несреќата се гледаат мртви тела. Спасувачите направиле кордон кој се спушта низ провалијата од каде се извлекуваат повредените кои се во многу тешка состојба. 

На вонредната прес конференција за медиумите од Клиничкиот Центар соопштено е дека примиле 31 пациент, од кои еден дошол без знаци на живот, додека двајца умреле таму. Помеѓу повредените има и осуммина во животна опасност.

Претседателот на одморот на директори при Клиничкиот Центар – Ранко Лазовиќ, изјавил дека кај повредените главно има повеќекратни повреди. Директорот на брзата помош Никола Добричанин стакнува дека сите пациенти се успешно хоспитализирани. Голем број граѓани се јавиле за донација на крв за пациентите. 

На местото на несреќата бил и министерот за внатрешни работи Рашко Кољевиќ кој потврди дека 31 од патниците се повредени.

“Надлежните органи ги утврдуваат причините за несреќата” соопшти Кољевиќ. Според неговите информации сите патници се државјани на Романија. Тој им се заблагодарил на сите кои помогнале за брзата рекција како и на граѓаните. 

Амбасадорот на Романија изјавил дека ова е голема трагедија и им заблагодарил на граѓаните кои помогнале во спасувњето и при обезбедување крв. 

Автобусот се движел од Колашино кон Подгорица, за да, за сега од наутврдени причини стотина метра пред манастирот Морача преминал на спротивната трака и излетал од мостот во кањонот. 

Клиничкиот центар во Црна Гора ги објвил и имињата на повредените додавајќи дека сеуште не се утврдени идентитетите на оние кои се наоѓаат на интензивна нега и кои се во состојба на безсознание.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.