Штом се сака

На времето слушавме убава македонска песна која зборувасше за љубовта, храброста и гледањето “право в очи”. Да,онаа проверка “дали ќе пропадне светот” кога треба да се види постои ли искра на љубов од саканиот.Така и Република Македонија “пријде” и покажа храброст кога на 9 октомври 2008 г. го призна Косово.А, кога се сака, а можеби и мора, тоа се направи.Груевски не би бил тоа што е , ако не ги “пушти низ вода” неговите пратеници кои ја изгласаа Резолуцијата за признавањето на Косово. Во расправата по неа не го удостои претставничкиот дом со свое присуство, а владата чиј премиер беше без расправа донесе одлука за признавање на Косово како суверена и самостојна држава. Едно момче по име Антонио Милошоски,тогашен министер за надворешни работи “адаптирано” објасни пред граѓаните на прес-конференција дека тоа ќе имало позитивен ефект и изрази надеж дека високото ниво на соработка со Република Србија нема да биде загрозено.Да, истото момче кое со неговата дружба ( пратеникот Ѓорчев,…) штрајкуваа со “глад’ (имаше и такви коментари) заради еден факултет за наставници за албански, сега излезе мртов-ладен да објаснува за неопходноста од таквиот чекор на владата.Прилагодливост , нема што.

Но, пред да се потсетиме на реакциите од таквата одлука, ќе се навратам каква беше атмосферата, па и расположението на граѓаните неколку месеци порано, кога некои медиуми го покажуваа “мислењето на народот”.Дали им беше целта да ја пресретнат оваа одлука или пак да ја покажат реалната слика на теренот, не знам, но знам дека таквото расположение не се испочитува.Тогаш, да потсетам дека истражувањата покажуваа дека поголемиот број македонци не се согласуваа со признавањето на Косово од наша-македонска страна.Груевски до ден денес не сака од тоа да прави политички капитал, барем пред граѓаните на сопствената држава.За надвор, се разбира му беше дадена оценка за лидер кој направил исчекор.Реакциите после признавањето на Косово од страна на владата на РМ беа за очекување, имајќи го предвид тогашното расположение. (мислам дека дел од тие траат сеуште).

Обвинувањата од незадоволните за донесената одлука одеа од жестоки напади кон Косово како “творевина” каде цути црниот бизнис, криминалот, дрогата, до лични напади за Груевски дека отишол “на алва во Зајас” кај Ахмети, за срамното молчење на пратеникот од Кратово со својата телевизија и неговите уредници, прогнози за “распад” на државата до 2010 или 2012 г., до служењето на “туѓи интереси” итн.Опозицијата си кажа што си кажа во Собранието на РМ околу резолуцијата, медиумите си влегоа во познатиот свој стил кои го тераат до денес, како ништо и да не се случило, а “криењето” на Груевски од Собранието се заборави.Тој не се фали со признавањето на Косово, ја испочитувал само одлуката на претставниците на граѓаните?!, Косово го признавме како независна држава, граѓаните заборавија на тоа за 30-40 дена, а медиумите го оставија раат премиерот.Така се работи, штом се сака. А во меѓувреме, Латас нека зборува за моралното во политиката . Тој е конститутивен дел од власта.Барем за мене.

Leave a Reply

Your email address will not be published.