Што не знаете за Берлинскиот зид

На 25 годишнината од падот на Берлинскиот зид, еве неколку неверојатно факти кои се симбол на иконската Ладна Војна.

1. Падот на Берлинскиот зид се случил по грешка. 

На прес конференцијата вечерта на 9ти Ноември 1989 година, членот на политбирото од Источна Германија – Гунтер Шабовски предвремено најавил дека рестрикцијата на визи за патување на другата страна ќе се повлече. Кога бил запрашан кога треба да започне таа нова политика, тој рекол “Веднаш, без одложување”. Всушност, таа политика требало да биде најавена наредниот ден и сеуште би барала Источно германците да минат низ долг процес на апликација за виза. Збунетите одговори на Шабовски и грешните медиумски известувања поттикнала илјадници Есточно берлинци да тргнат кон Берлинскиот зид. На конктролното место на улицата Борнхолмер, Харалд Џагер, главен офицер на должност, се соочил со маса луѓе која постојано растела полна со фрустрација. Добивајќи навреди, наместо инструкции, од страна на неговите претпоставени, на ден кога ги очекувал резултатите од неговиот тест за тоа дали има дијагностицирано рак или не, Џагер ја отворил границата и самиот поминувајќи на другата страна, а истото го направиле и другите контролни пунктови.

2. Берлинскиот зид се градел повеќе од 15 години во текот на Ладната војна

Повеќе од 2 милиони Источно Германци, најголем дел од нив обучени работници и професионалци, побегнале во Западна Германија помеѓу 1949 и 1961 година. Советскиот Сојуз го одбил првичното барање на Источна ГЕрманија да го изградат зидот во 1953 година, но со миграција која достигнала 1000 луѓе дневно во летото 1961 година, лидерот на Советите Никита Хрушчев конечно попуштил. Жителите на Берлин се разбудиле утрото на 13ти август 1961 година и ги откриле оградите од бодликави жици поставени на границата помеѓу источниот и западниот дел на градот. Неколку денови подоцна, Источна Германија започнала да ја потполнува таа бариера со бетон.

3. Берлинскиот зид е составен од два зида

44 километарската бариера која го раздвојува Берлин на источен и западен се состои од два бетонски зида помеѓу кои се наоѓа “појасот на смртта” широк 145 метри во кој се сместени илјадници кули за набљудување, кучиња чувари, ровови и оружје.

4. Повеќе од 100 луѓе умреле обидувајќи се да поминат преку Берлинскиот зид

Центарот за истражување на современата историја Потсдам и Центарот за документирање потврдиле дека најмалку 138 луѓе биле убиени, повредени во фатални несреќи или извршиле самоубиство откако се обиделе да го поминат Берлинскиот зид. Други истражувачи потврдуваат дури и поголема бројка. Првата жртва била Ида Сиекман, која умрела на 22 август 1961 година, по обидот да скокне на улица во Западен Берлин која се наоѓала на под нејзиниот стан на четврти спрат во Источен Берлин, на тој начин обидувајќи се да ‘прелета’ преку зидот во балон но се удрила во жици со електрична инсталација. 

 

5. Повеќе од 5000 луѓе побегнале искачувајќи го или поминувајќи под Берлинскиот Зид

Првиот кој успеал да го помине Берлинскиот Зид и да побегне во Западен Берлин бил 19 годишниот чувар на источно Германската граница Конрад Шуман, кој бил овековечен на камера додека прескокнувал едно метро високи препреки од бодликава жица, само два дена откако Источна Германија ја затворила границата. 

Како што се зајакнувала границата, така и бројот на плановите за бегство се зголемувал. Бегалците се криеле во тајни делови на автомобили во сопственост на посетители од Западен Берлин, биле ископувани тајни тунели па дури и обиди за бегство преку канализационата мрежа. Тројцата браќа Бетке го извеле најспектакуларното бегство. Најстариот брат Инго избегал пловејќи на душек на надувување преку реката Елбе во 1975 година, осум години подоцна неговиот брат Холгер прелетал преку зидот држејќи се за кабел кој го испукал со лак и стрела и успеал да го закаќи на кров од куќа во Западен Берлин. Во 1989 година еден пар го прелетал зидот со ултра лесен авион и се вратил уште еднаш за да го пренесат и најмладиот брат Егберт.

6. Источно Германците го нарекувале зидот “Антифашистички бедем”

Наместо да ги чува своите граѓани внатре, Источно Германската влада тврдела дека го издигнала зидот за да ги заштите граѓаните од Западните фашисти, шпиони и нивните идеи. Две недели по нарачувањето да се изгради “Антифашистичкиот бедем” Источно германскиот лидер Волтер Улбрихт изјавил “Ги зацврстивме пукнатините на нашата куќа и ги затворивме дупките низ кои најлошите непријатели на Германскиот народ може да се протнат.”

7. Бранденбургшката Капија еднаш била дел од зид на 18-тиот век

Прускиот крал Фредерик Вилијам II ја нарачал историската триумфална капија меѓу Западен и Источен Берлин која служела како неверојатна позадина за познатите претседателски говори на Кенеди и Роналд Реган. Кога била завршена во 14791 година, Бранденбуршката Капија била инкорпорирана во оригиналниот Царински Зид на градот, кој го обиколувал градот во почетокот на 1730-тите.

8. Дел од зидот стои во бања на едно казино во Лас Вегас.

Официјалното рушење на Берлинскиот Зид започнало летото 1990 годин. Повеќе од 40.000 делови на зидот биле рециклирани во материјал за градење кој се користел во реконструкциски проекти во Германија, но неколку стотина сегменти биле ставени на аукција и сега се расфрлани низ светот од Ватиканските градини до просторија во Main Street Station казиното во Лас Вегас, каде како дел од машка бања е поставен сегмент од зидот зад заштитно стакло.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.