Што е тенорексија?

Тенорексни се луѓе кои се сончаат, посетуваат солариуми без оглед на тоа што знаат колку прекумерното сончање и честото посетување на солариум е штетно. Постојано им се чини дека тенот им е блед и секогаш сакаат да имаат се потемен и потемен тен исто како анорексичните што сакаат да се се послаби и послаби.
Тенорексијата најчесто се јавува кај слаби девојки и жени на возраст од 16 до 40 години. Опсесивните од темен тен најверојатно имаат зависност од УВ зраците и оваа нивна зависност претставува сличност како зависноста од дрога, цигари, алкохол. Лекарите предупредуваат дека од прекумерното сончање се добиваат дамки, изгореници и во најлош случај рак на кожата.

Истражувањето на научниците од Wake Forest University од 2006 година покажало дека ултравиолетовите зраци на солариумот предизивукуваат создавање на ендрофин-средство кое се ослободува во мозокот и има својство на морфиум. Еднрофинот предизвикува еуфорични чувства и го намалува чувството за болка.
Кожата станува темна за да се заштити, тенорексичните буквално ја оштетуваат клеточната ДНК, што доведува до рак на кожата.
Спротивно од најчестите верувања, употребата на солариумот не е побезбедна од природното сончање. Многу експерти кажуваат дека вештачките зраци влијаат полошо од природните. Тие предупредуваат дека е подобро солариумот да го користат 8 пати годишно а сончањата да не бидат подолги од 20 мин. Луѓе под 18 години не смеат да посетуваат солариум бидејќи нивната кожа нема изградено доволно одбрамбени механизми.

 Солариумот е опасен за луѓе со многу чувствителна кожа.луѓе со многу бемки и тетоважи, а и за сите кои страдаат од гинеколошки заболувања, дијабетес, пореметување на ендокриниот систем. Има и многу лекови кои ја засилуваат чувствителноста на кожата на УВ зраци како што се контрацепциите и антибиотиците. При секое одење на солариум не трба да се има нанесено шминака нити пак парфем во спротивно може да се појават дамки и алергиски реакции. Не треба да се користи солариумот во текот на 1 месец по еплација, додека трае сончањето потребно е да се носат очила косата и градите да се добро покриени а усните намачкани со балсам. Прошетките на сонце не прават среќни, влијаат на нашето расположени но не треба да се претера. Сончевата светлина многу брзо ја суши кожата и таа го губи здравиот изглед, горниот слој станува сув и нееластичен. По природното сончање и солариумот пожелно е да се користат лосиони кои ја задржуваат влажноста на кожата

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.