Стефанија Петровска од Кавадарци со своја изложба во Охрид
Петровска е член на Друштвото на ликовни уметници Кавадарци. Родена е на 31-ви мај 1983 година во Кавадарци. Во 2005 година дипломирала на Педагогија на уметност, отсек скулптура на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Велико Трново, Бугарија.
Имала самостојни изложби во земјава и тоа во Кавадарци, Виница, Неготино, Гевгелија, Демир Капија, Штип. Учествувала на групни изложби во Србија, Бугарија, Франција и Македонија.
Нејзиниот интерес е скулптурата, а експериментира со различни медиуми и техники. Последните нејзини циклуси на слики, пак, се работени во комбинирана техника.
Отворањето на изложбата во Охрид ќе биде со почеток во 20:00 часот.
Извор Охридпрес