Ставревски го “шамари” Влатко Ѓорчев како мало дете
-Додека му одговарав на Влатко Ѓорчев од говорницата бев сведок како министерот за финансии реагираше дрско и нервозно. Прво помислив дека ми се обраќа мене, за после да сфатам дека му се обраќа на пратеникот Влатко Ѓорчев. Претспоставувам дека ваквата реакција беше поради тоа што Ѓорчев ја губеше дебатата и немаше одговор на фактите и аргументите кои ги изнесов, а се однесуваа на погрешните политики и приоритети на оваа влада кога се работи за Источна Македонија- вели Ангелов.
Нејасно е што го изнервира министерот Ставрески, дали содржината на говорот или неговото времетраење. Како и да е, присутните пратеници на комисијата за буџет беа сведоци на вербален напад на Ставрески врз пратеникот Ѓорчев што секако требаше да биде поука и за останатите пратеници од мнозинството.
Ова не е прв пат министерот Ставрески да им го ускартува уставното право на пратениците од неговата партија да дебартираат по амандманите кои се однесуваат за регионите од каде доаѓаат. Ваков случај имаше и пред две години кога буквално го замолчи и пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Ѓорѓи Коџобашиев.
Извор БРИФ