Статус-ква ква

Сонцето допре до граѓаните.Им ги исекоа дрвјата.

Само сељаци може да предизвикаат граѓанска војна.

Системот бил паднат.Не работеа.

Му читам под очите.Болни сме.

Му ги вагаа зборовите.Испадна лесен.

Немаше банка.Сега има.

Треба да прогласат чудна состојба.Редовно е вонредна.

Во статистиката горе-долу не е отприлика.

Народот им е постојано в уста.Ќе го изедат.

Во решавањето на политичката криза треба да се оди етапно.Веднаш.

Европа не е културна.Ни се плази со многу јазици.

На народот му дадоа предност.Човеците ќе почекаат.

Не е паметно да си паметен.Ќе попуштиш.

Нивниот стил е како нашиот живот.

Грција е демоде со нивната црвена линија.Македонија ќе исфрли модерна.

Тие кои не се партиски обоени ќе ги фарбаат преку ТВ.

Каква е ситуацијата се гледа од хеликоптер.

Жолтата линија се избриша.Дискрецијата се врати.

Се крстат во него.Тој им бае.

In vino veritas.Зависи.

Имаа неврзан муабет.Како да врзат крај со крај.

На партијата и требаат гласачи.Луѓе ќе најде после избори.

Во толпата сите се исти.И најточниот број не е точен.

Не сме до толку мајмуни за да се враќаме до нашите први предци.

Му дадоа власт.Му го видоа џебот.

Се олошија луѓето меѓу себе.Од олошот е.

Печатат евтино и брзо магистерски и докторски.

Не ги омаловажувај родените во село.Не биди сељак.

Преговорите се на интензивна.

К-15 нема.Цацко е крив.

Груевски беше шахиран во Брисел.Недоволно за пат.

Со слободата нема пазарење.Пензијата мора да ја дадат до 7-ми.

Во заложништво држат непопишани.

Им ги качуваат пензиите и платите од ракав.Да не ги остават со кратки ракави ?

Ситуацијата е статус-ква ква.

Хан и Џес не се наши.Не расчистија со нашите.

Ги маркираа. Не беа бележани на ноктот.

Европа ја даде рамката.Нашите се фатија за четката.

Имаме повеќе главни уредници и помалку одговорни.

Од македонските песни најмногу ги сакам југословенските.

Скопје е отворен.Многу луѓе зеде во своите прегратки.

Ќе останеме без држава.Партијата решила да се одвои од неа.

Плукал по партијата да не ја фатат уроци.

Само една има вистина.Нема бистри води Вардарски

Не губите време да го читате.Паметен е .

Не пишувајте за да спечалите углед.Ќе им се допадне на некои.

Не ја напаѓајте МТВ.Дава македонски приказни.

Донесоа пресуда.Да не обесат на ФБ.

Крадеше време.Нема дело,чист е.

За доброто поведение ќе им ги фарбаат решетките.

Зелените испуштија шанса да станат зрели.

Leave a Reply

Your email address will not be published.