Стартува работната група за извештајот за 24-ти декември

Со работното тело преседава пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. Дел од работното тело е сопартијката на Димовски, Благородна Дулиќ, пратениците од СДСМ, Цветанка Иванова и Игор Ивановски и пратеникот од ДУИ, Неџати Јакупи. Во извештајот се наведени 11 препораки, кои главно се однесуваат на измени на Деловникот и законот за Собрание. Извештајот на комисијата содржи 11 препораки и 7 заклучоци.

  1. Да се усогласи законот за Собрание со Деловникот; Комисијата се усогласила дека Деловник и Изборен законик се носат со поширок консензус меѓу власта и опозицијата, а ВМРО-ДПМНЕ на повеќе пати Деловникот го менувале без опозицијата;
  2. Менување на определени процедури од Деловникот; Членовите се усогласиле дека итно треба да бидат ревидирани одредбите на Деловникот кои беа усвоени на 12.02.2013 година, по 24 декември со кои што тие направија еднострано измени без никакви консултации со опозицијата. Тука се потенцирало дека координацијата која ја води претседателот на собранието, Трајко Вељаноски, не функционира и не ја остварува вистинската улога. Една од препораките била да се врати вистинската улога на кординацијата преку воспоставување на механизми кои треба да обезбедат заеднички дијалог на власта и опозицијата, односно пратеничките групи во рамките на таа координација и законодавно правната комисија да обрнат внимание на процедурите на работа на оваа законодавно тело;
  3. Процедура за носење на буџет; Буџетска транспарентност;
  4. Раководење со пленум и работни тела, утврдување на механизми за одговорност на претседателот на собрание и на претседателите комисите во случај на едно неделовничко водење на седниците;
  5. Обезбедување на Собрание на РМ; Треба да има издвоено собраниско обезбедување, а не во состав на МВР и тоа соодветно да биде нормирано, норма веќе постои но таа не се спроведува во Собранието на РМ;
  6. Новинари: Собранието да прифати дијалог со новинарите со цел да се обезбедат гаранции за слободно информирање и извршување на новинарската дејност;
  7. Донесување на етички кодекс во Собранието;
  8. Измени на Кривичниот законик; Предлог на ВМРО-ДПМНЕ било да се отвори дебата во Собранието за измена за воведување на квалификаторни елементи ако како извршител на кривично дело се јави вршител на јавна функција избрано или именувано лице. Овој предлог бил прифатен од СДСМ;
  9. Јакнење на анкетни комисии;
  10. Комисија за утврдување на собраниски календар
  11. Воспоставување на неутрална зона околу Собранието – предлог на странскиот претставник. 

Извор ПЛУСИНФО

Leave a Reply

Your email address will not be published.