Старо сонце на мракот!

Охридската трска го нервирала нашиот премиер, но не толку многу како увозот на растителен кашкавал. Може ли Владимир Лазаревиќ да ни ја опише атмосферата на седницата на која премиерот барал од министерот за земјоделство за една недела да подигне растителен кашкавалник со високородни дрвца што даваат по 10 до 12 пити од по 8 до 9 кила!? Со идеја да ги задоволиме потребите на сите пицерии јужно од Будимпешта! Или идејата од Дојранското езеро да направиме европски центар за производство на Омега три масни киселини од китовите што за таа цел би се одгледувале на македонската страна од езерото! А со особена љубопитност чекам да ја прочитам студијата на интервладината, поширока интелектуална и општествена рефлексија на лудостите на македонскиот Џорџ Трети!

Како, имено, се случило пред седум или колку години Лазаревиќ или кој и да е, да пропуштат да ја запознаат нацијата со фактот дека кралот е луд, како, никој, освен оној Дејан, не се осмелил, без да побара збор, да стане и да му каже на премиерот дека тој со таква будала нема повеќе да си дозволи да остане во иста соба три секунди, па да излезе и во аулата да свика прес и да и соопшти на целата нација колку е часот! Зашто, една несреќа е кога за шеф на државата ќе ти се падне луд или ќе ти го натурат луд или ќе имаш несреќа да избереш луд човек, а друго ниво на несреќата е кога неговото окружување од најдолни корупциски или, дури, злобни мотиви, ќе се прави лудо во однос на лудилото на шефот!

Така што, низ овие прашања ние, всушност, го добиваме одговорот на прашањето како е можно луѓето кои би требало да чувствуваат макар морална вина за националната катастрофа, да бараат од нацијата катастрофата да ја прифати и нив да ги прифати како….можете ли да замислите вакво ниво на цинизам: ново сонце на слободата! Ново, па сонце, еј, па уште и на слободата! Јас тврдам дека животот има поголеми шанси и смисла на темната страна Месечината отколку под едно вакво сонце! Тие се, всушност, СС, Старо Сонце! На Мракот!

(Текстот е превземен од Фејсбук профилот на авторот)

Leave a Reply

Your email address will not be published.