Среќниот брак го продолжува животот за 15 години

Семејниот живот нуди многу бенефиции како за физичкото така и за менталното здравје на луѓето. Студии спроведени во седум големи европски држави, покажуваат дека успешниот брак ја зголемува должината на животот за 15 години.
Едно добро семејство се обидува да се храни здраво, посветува внимание и се грижи за другиот партнер (и за децата), се стреми кон хармонија и разбирање. Покрај тоа, бракот има позитивно влијание на психата на понежниот пол, а на мажите им “дава“ физичка издржливот.
Кај среќните сопружници е помалку веројатно да се развие сериозно заболување, затоа што имаат повисоки заштитни функции. Добрата и здрава комуникација помеѓу двајцата партнери ги учи мажите и жените да ги спречуваат конфликтите.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.